Ракомет
24. February 2016 - 16:20

Чакарески нов спортски директор на машката ракометна репрезентација

Милчо Чакарески е наименуван за спортски директор на машката ракометна репрезентација. Оваа одлука ја донесе УО на РФМ на денешната седница. 

- Благодарност за довербата. Ова е мое враќање во ракометот. Со огомен ентузијазам се нафатив на оваа работа и ќе се обидам сите ракометари репрезентативци да бидат насмеани и да ги релаксираме односите и врските меѓу стручниот штаб - федерацијата - новинарите. Воедно оптимист сум и очекувам пласман на Олимписките игри во Рио.
Чакарески е поранешен ракометар кој потекнува од Струга, а играл и во Вардар, Металург, Тиквеш, Грција, Косово, Словенија. Како тренер има работено во Тиквеш и Приштина.
Никола Панчевски останува на функцијата директор на сите ракометни репрезентации.