-->
-->
Чадиев: Во Велес реализирани повеќе комунални и инфраструктурни проекти
-->
Во Велес приоритетни улици за асфалтирање во должина од 950 метри се деловите од улиците „Андреја Дамјанов“, „Родна Ивева“, изградба на скали на спој на две улици „Славе Петков“ со „Стефан Бобев“, дел од улица „Сараевска“, пристапот кон населбата Превалец, и дел од улицата „Орце Мартинов“, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес Славчо Чадие.

Средствата за реализација на овие проекти во висина од три милиони денари се предвидени во програмата за уредување на просторот во Општина Велес за 2017 година.
Чадиев најави дека општина Велес во наредниот период ќе изведуваат активности и во Горно Оризари. Ќе се монтира нова водоводна линија во должина од 200 метри до новоизградените објекти во ова населено место.
- Започнавме со изградба на препумпна станица на водоводната линија кон населбата Трпезица, Дорутовец и Чалошево. Тоа е практично последната фаза од реализацијата на овој проект кој чини 14 милиони денари. Се изврши бетонирање на улиците „Стефан Димитров“ во населба Керамидна се изврши тампонирање на улиците „Милан Страчков“ и „Тодор Ацев“се поставија и ивичници и се пререди коцката. Неодамна започнати се проектите за целосно реновирање на десет улиците во населените места Мамутчево и Чолошево со површина од 2 100 метри во вредност од 12 милиони денари,информира Чадиев.
Тој посочи дека за четири години Општина Велес реализирала околу 120 проекти за подобрување на инфраструктурата.
- Реконструирани се голем дел од патните правци. Извршено е асфалтирање на пет регионални и магистрални делници и на 13 улици, бетонирани се 44 и поплочени 15 улици или делови од нив. Изградивме два нови кружни текови, еден пешачки мост, целосно е реконструиран мостот „Гемиџии“. На повеќе места се изврши поплочување, се изградија потпорни ѕидови и се поставија држачи, рече Чадиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
