ЦГК: Двојните избори сепак чинеле повеќе од оние во 2019 и 2020 заедно
Иако беше најавувано дека парламентарните и претседателските избори во државава се одржуваат заедно за да се заштедат пари, сепак истражувањето на Центарот за граѓански комуникации го покажува спротивното. Тендерите на ДИК за двојните избори годинава чинеле 47 милиони денари повеќе, отколку вкупно потрошените пари за претседателските и парламентарните избори во 2019 и 2020 година.
Ама бројот, како и вредноста на склучените договори за јавни набавки поврзани со изборите во мај, можат и да се зголемат во следниот период оти ДИК има иницирано уште неколку постапки за кои сè уште не се објавени известувањата за склучување на договорите.
Извештајот нотира дека за да и се овозможи на дијаспората да гласа, биле потрошени 50 милиони денари. Тендерот за транспорт и сместување на членовите на Извшниот одбор во дипломатско-конзуларните претставништва се најде на врвот од сите склучени јавни набавки, а го добила фирмата Њу вејс оф травел. За споредба, гласањето на дијаспората, чинело за 4 милиона повеќе и од печатениот материјал за гласање во Македонија.
Од ДИК за Сител велат дека договорот бил склучен на максимален износ, но се чека финалната фактура.
„Избраното правно лице кое ја реализираше услугата сеуште до ДИК ја нема доставено фактурата за извршената услуга. Откако ќе биде доставена фактурата и истата ќе биде проверена од страна на ДИК, ќе може да се извести за точниот износ за извршената услуга“, ни одговорија од ДИК.
Изештајот нотира дека дури 41 % од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар