ЦГК: Државните пари се трошеле без тендери и преку сомнителни електронски аукции
Без тендери биле потрошени 7,9 милиони евра за половина година. Половина од овие пари ги потрошиле од ЕСМ. Најновиот извештај на центарот за граѓански комуникации се однесува на периодот од јануари до јуни годинава, односно за периодот кога енергетската состојба во земјава беше стабилна.
И набавките за кои има оглас се проблематични. Филков вели дека за 91% од нив била превидена електорнска аукција која е поманипулативна. Понудувачите почетно даваат повисоки цени од реалната, но ако на ауцијата се јави една фирма тогаш договор се склучува по таа висока цена. Ако пак се јават повеќе понудувачи тогаш може да се договори кој и до каде ќе спушта цена. Затоа е-аукциите треба да се избегнуваат. Останува проблем и лесното поништување на набавките.
Центарот на граѓански комуникации предупредува дека иако проценетата вредност на набавките може да не се објави, фирмите понудуваат суми сосем блиски до неа, што значи договарање меѓу институциите и фирмите. Пример, една државна институција купувала компјутерска опрема. Проценетата вреност на тендерот изнесувала 8.470 илјади денари и не била објавена. Понудата изнесувала 8.458 илјади денари или само 200 евра помалку.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар