-->
-->
Церар: Словенија ќе го ограничи бројот на бегалци, како и Австрија
-->
Словенија ќе реагира согласно намерата на Австрија да го ограничи бројот на бегалци и наскоро ќе воспостави ист систем на својата граница со Хрватска, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар.
- Нема само да седиме и гледаме, изјави Церар за словенечката агенција СТА. Според него, потегот на Австрија значи дека и Словенија ќе мора да ја зајакне контролата во наредните недели и месеци.
Сепак, тој оцени дека Австрија нема да мора строго да го ограничува бројот на бегалци доколку биде постигнат договор за ограничување на приливот јужно од Словенија.
- Тоа е целта на потрагата по заедничко решение: да се сочува шенгенот и воздржување од предизвикување економска штета во односите меѓу земјите, изјави Церар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија