Балкан
19. September 2015 - 11:18

Церар: Меѓу бегалците има и потенцијално опасни

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска предупреди дека меѓу оние што се на границата на Шенген зоната има мигранти, бегалци, но и луѓе кои може да претставуваат безбедносна закана.

Церар нагласи дека неговата земја ќе постапи строго по шенгенските правила во најголемата бегалска криза.

- Освен бегалци и економски мигранти сигурно има и такви, кои се потенцијална безбедносна опасност. Мора да покажеме солидарност со Европа, но сме подготвени за изненадни ситуации и голем бран бегалци, како што е случајот во Австрија, Германија и Унгарија, изјави Церар за весникот „Дело“.

Во Словенија вчера според податоците на полицијата влегле околу илјада илегални бегалци од Хрватска.