Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа седница на Централното претседателство свикана од страна на партискиот претседател Али Ахмети.
-Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е одлучено до 20 декември да се организираа партиски конгрес, истакна во изјава за медиумите потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми.
На новинарско прашање дали се разговарало за оставки по резултатите од изборите, Адеми информира дека не се дискутирало по тоа прашање имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.
-Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ние пораката ја примивме. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. И секако дека ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември, одговори Адеми.
Тој соопшти и дека на седницата е донесена одлука за формирање на организациониот одбор за конгресот во кој ќе членуваат осум партиски членови.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
