Бизнис
10. September 2018 - 8:58

Централниот депозитар за хартии од вредност со дигитална алатка за крајните корисници

Централниот депозитар за хартии од вредност денеска ќе промовира нова дигитална алатка со која се овозможува брз и едноставен пристап до услугите што ги нуди.

Порталот е наменет за 530 издавачи, односно 70.000 сопственици на хартии од вредност.

На промоцијата најавено е обраќање на извршната директорка на Централниот депозитар за хартии од вредност Даринка Дамјановиќ, како и на Фади Алрајес од Европската банка за обнова и развој од Лондон и на Наум Рибароски од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.