-->
-->
Централната информативна програма на РТС од денеска со титли
-->
Централната информативна програма на српската државна телевизија РТС од денеска ќе може да се гледа и со титли, што е од големо значење за лицата со оштетен слух, јави Танјуг.
Претседателката на српскиот Сојуз на глуви, Сузана Маслач Матовиќ се заблагодари на телевизијата за титлувањето, како на информативните емисии, така и на српските телевизиски серии, со што лицата со оштетен слух ќе можат да се информираат како и сите други.
Гледачите ќе можат да ја активираат функцијата преку внесување на бројот 888 во телетекстот на РТС.
Софтверот за титлување е реализиран благодарение на донации од Програмата за развој при Обединетите Нации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер