Централната банка на Албанија најавува понатамошно намалување на основната каматна стапка

Гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, нaјави натамошно намалување на основната каматна стапка.
Според него има место за натамошно намалување на основната каматна стапка,која моментно е на нејзино најниско ниво.
- Постои простор и сигурност, доколку е тоа потребно, ние повторно ќе ја намалиме основната каматна стапка, изјавил Сејко, додавајќи дека целта е поттикнување на инвестициите и потрошувачката.
Централна банка на Албанија деновиве ја намали основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа е на ниво од 1,25 отсто, како резултат на ниското ниво на инфлација во првите месеци од годинава.
Тоа беше второ намалување за годинава. Централна банка ја намали основната каматна стапка од 6,25 отсто на крајот од 2008 година до ниво од 1,25 отсто со цел поттикнување на кредитирањето и раст на економијата.
Гувернерот Сејко вели дека за 2016 година економскиот раст е проектиран на 3-3,4 отсто, додека лани забележан е раст од 2,6 отсто.
Ново на Сител
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
