Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол

Одлуки за понатамошно структурирањето во ДУИ, со избор на нови претседатели на локалните ограноци и партиски функции се донесени вечерва на седница на Претседателството на ДУИ, прва по конгресот што се одржа викендот.
Усвоен е Правилник за работа на претседателството на Централниот одбор, како и одлуки шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ да биде Фатон Ахмети, а портпарол на партијата Арта Биљали Зендели.
-Советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите американски држави (САД) ќе биде Шемседин С. Бекири. Во согласност со одредбите на статутот што го усвоивме на конгресот во саботата, именувани се и претседатели на ограноците на ДУИ. За Тетово е именуван Бајрам Реџепи, за Куманово Ридван Асани, за Струга Фатон Положани, за Гостивар Валдет Џафери и за огранокот во Чаир, д-р Бујар Османи, изјави по седницата новата портпаролка Арта Биљали Зендели.
Таа не даде коментар за изјавите од министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и на лидерот на СДСМ Венко Филипче за тврдењето на Али Ахмети „дека ја растурил Југославија“. Муцунски рече дека Ахмети живее во филмот од пред 20 години, Филипче дека нема да дозволи на никој начин да се уништи Македонија.
-Ние сме на првиот состанок на претседателството на Централниот одбор и со оглед на тоа што сме фокусирани во понатамошното развивање на Демократската унија за интеграција, јас би претпочитала да ги оставам тие одговори и реакции на Муцунски и Филипче на нив, не би сакала да коментирам, рече Биљали Зендели.
Дел од работа на Претседателството била дискусија во врска со организацијата на секретаријатите.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
