Централен депозитар за хартии од вредност воведува нови процедури за издавање извешати заради КОВИД-19
Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, известува дека согласно мерките на Владата на Република Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Македонија Депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти. Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.
Мерките се состојат во следното:
Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, нема да се примаат странки.
Се упатуваат акционерските друштва за добивање на акционерски книги или други извештаи веднаш да започнат постапка за приклучување кон порталот за генерирање на извештаи за издавачи (дистрибутивен систем). Постапката на приклучување е образложена на следниот линк
https://portal.cdhv.mk/HTML/
Акционерските друштва кои од различни причини не можат да се приклучат на порталот или имаат потреба од издавање други (нестандардни) извештаи, потребно е да ја следат постапката образложена на следниот линк
http://cdhv.mk/News.aspx?lng=
Останатите клиенти на Депозитарот:
Изводи од сметки и Потврди за не/поседување на хартии од вредност, издавање на останати извештаи за сопственици, спроведување на налози, оставински решенија или договори за подарок, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ И СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА, на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Во барањето потребно е да се наведе:
- Идентификациони и адресни податоци за подносителот на барањето
- Целта за поднесување на барањето,
- Документацијата што се приложува кон Барањето,
- Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)
- Доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно
Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот “Услуги>>Услуги за сопственици на ХВ>>Надоместоци” на било која од банковните сметки наведени во делот “За ЦДХВ >>Банковни сметки”.
Депозитарот ќе достави соодветен одговор по пошта.
Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk, во делот “Услуги >> Услуги за сопственици на ХВ”.
За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата cdhv@cdhv.
Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка