-->
-->
Ценовен шок: Следи значително зголемување на цените на бензините
-->
Значително поскапување на горивата може да се очекува од понеделник, ако се земат предвид ценовните движења во последните две недели. За 10 дена, цената на суровата нафта на светските берзи стана за над 6 долари поскапа во однос на просечната цена која Регулаторната комисија за енергетика ја пресмета за овие две недели.
Во моментов барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргува за 52,64 долари, а пред две недели цената изнесуваше 46,6 долари. Тоа е поскапување за над 11%.
Во домашни услови, тоа значи дека извесното поскапување кое регулаторите треба да го објават во понеделник ќе биде значително. Не треба да биде изненадување доколку горивата поскапат и за 5 денари по литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег
-
Изгоре стан во Кисела Вода, повредени се двајца станари, пожарникар и полицаец
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона
-
Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини