Македонија
5. October 2016 - 13:32

Цените на угостителските услуги во септември на ниво од претходниот месец

Цените на угостителските услуги во септември 2016 година во споредба со претходниот месец не се променети, а во однос на октомври лани е зголемен за 0,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите алкохолни пијалoци за 0,2 отсто, безалкохолни пијалoци за 0,2 отсто и ноќевања за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-септември 2016 година, во однос на тој период од минатата година е зголемен за 0,4 проценти, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0,2 отсто.