Цените на нафтата на светските берзи паѓаат
Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, а со тоа и на изгледите за глобалната побарувачка на нафта.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.
Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот.
Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.
Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемуваат стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, заедно познати како ОПЕК+, ќе се состанат в среда за да одлучат за производството на групата во септември.
Ново на Сител
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
