Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот
Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 67 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) за 50,50 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,929 денари за килограма се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,407 денари за килограм.
Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на цената на светскиот пазар во изминатата недела кај бензинот за 0,85, а кај дизелот за 1,21 отсто, како и за 0,43 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата