Цената на пролетната зелка падна на 8 денари - земјоделците бараат итна средба со министерот
Сојузот на синдикати на струмичките земјделци бара итна средба со министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Причина е драстичниот пад на откупната цена на пролетната зелка која денеска се откупува за осум до десет денари. Освен со ниска цена земјоделците велат дека деновиве се соочуваат и со рестриктивен откуп на поризводството.
- Упатуваме апел до надлежното министерство, поточно до министерот за земјоделие да најде сили и време за средба барем до вечер или најкасно до утре со нас земјоделските производители со цел колку толку да изнајдеме некое решение за дадената проблематика. Ако не одговори на нашето барање за тоа што ќе се случува останува самите земјоделски производители да кажат во текот на времето, рече Ристо Велков.
Министерот Николовски најави дека се вложуваат максимални напори не само за олснување на извозот туку и за обезбедување нови пласмани. Тој денеска информираше и за разговорите кои се воделе за пласман на македонската зелка на рускиот пазар.
Во моментов во струмичкиот регион се откупени околу 50% од целото производство. Според проценките на производителите, за берба од пластеничкото но, и од површините на отворено остануваат уште околу 15.000 тони зелка.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар