Цената на нафтата се зголеми на 106 долари
Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва.
Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.
На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари.
Пазарите внимателно ја следат руската агресија врз Украина.
Економската изолација на Русија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск“ објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Русија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со Русија.
„Сензитивната ситуација на Украина и финансиските и енергетските санкции против Русија ќе продолжат да ја поттикнуваат енергетската криза и ќе ја одржат цената на нафтата далеку над 100 долари за барел на краток рок, а може да бидат повисоки доколку конфликтот дополнително ескалира“, смета Луиз Диксон од Ристад енерџи.
Големите нафтени и гасни компании, вклучително БП и Шел, најавија повлекување од операциите и заедничките вложувања во Русија, додека францускиот Тотал соопшти дека нема планови за дополнителни инвестиции.
Ново на Сител
-
Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања
-
Обвинувањата за проблемите со јавниот превоз и нечистотијата продолжуваат, можно решение скопјани ќе чекаат на седница на Совет
-
Американските демократи официјално потврдија дека Камала Харис ја добива партиската кандидатура за претседателските избори
-
Брег на Слоновата Коска: Потврдени 28 случаи на мпокс, еден починат
-
Таравари и претставници на Комисијата за позитивна листа ќе ги претстават новододадените лекови
-
Украина изврши голем напад со беспилотни летала врз Москва, објави градоначалникот на рускиот главен град
-
Сообраќајот тековно, зголемена фреквенција на ГП Табановце
-
Без струја повеќе населени места во Скопје