Цената на нафтата Брент за првпат по седум месеци достигна 70 долари за барел

Цената на нафтата марка Брент со испораки за март 2020 година на лондонската берза го надмина нивото од 70 американски долари за барел.
Во моментов оваа нафта на берзата се тргува за 69.12 долари за барел. Нивото од 70 долари е постигнато за првпат после 22 мај 2019 година.
Испораките за февруари на американската супер лесна нафта (ВТИ) на берзата во Њујорк (НИМЕХ) изуринава поскапеа до 64.33 долари за барел.
Поскапувањето на нафтата е резултат на воздушниот удар на САД во Багдад и убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани. Нападот беше одобрен од американскиот претседател Доналд Трамп.
По ова, Иран и САД разменија низа од закани. Техеран повика на „уништувачка одмазда“ за убиствто на генералот, Трамп се закани со нови удари во случај на напад на американски објекти.
Стејт департментот пак укажа на „зголемен ризик“ од напад врз нафтени постројки на Саудиска Арабија, јави „Блумберг“.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
