Целта на терористите била застрашувачка: Еве зошто е избран Париз
Аналитичарите ги споредија терористичките напади во Париз со нападите во САД на 11 септември 2001 година.
Поранешниот агент на ЦИА Џек Рајс сличноста ја гледа во тоа што, и во едниот и во другиот масакр, нападите биле насочени кон луѓе, и на извесен начин и против „симболите“ на Европа, а тогаш на САД.
„Терористите го избраа Париз, а во САД симболична мета им беа кулите близначки“, изјави Рајс за Russia Today.
Аналитичарот објаснува дека целта на терористите е да ги рушат симболите.
„Тие нема да ја уништат западната хемисфера, но можат да се погрижат да бидат драматични и забележани. Франција не треба на драконски начин да одговори на терористичките закни, како што направи САД после 11 септември. Одговорот треба да биде проценет и разумен. Не смеат да се вложат драконски напори за да се затресе светот до срж, бидејќи тоа создава потенцијално поголема опасност и ги зајакнува оние кои ја поддржуваат ИД“, рече поранешниот агент и додаде:
„Нападите во Париз потсеќаат и на терористичкиот напад во Мумбај во 2008 година, кога различни вооружени групи пукаа на различни локации во градот. Тоа е брутално ефикасна форма на тероризам, бидејќи луѓето не знаат каде да одат и каде е најбезбедно“.
Новинарот од весникот „Mond“ Даниел Сени забележа вознемирувачки снимки на луѓе, како бегаат од концертната сала во Париз. Нив ги спореди со терористичките напади на САД, бидејќи Американците преку повеќе прозорци излегуваа од кулите близначки.
„Сите трчаа во сите правци, видов луѓе на земја, крв... Сфатив дека се случува нешто страшно. Една жена вриштеше од прозорецот на вториот спрат од „Батаклан“. Помислив на сликите од 11 септември“, додаде тој.
Инаку терористите кога пукале постојано извкикувале „Alahu akbar“.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка