-->
-->
Целосно вакцинирани 45% од граѓаните над 18 години во земјава
-->
Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко