Македонија
23. October 2017 - 12:06

Целосно изгоре училиштето во тетовско Ново Село

Вчера околу 13.30 часот, од засега непознати причини, настанал пожар во подрачното основно училиште во с.Ново Село, општина Боговиње, кое е во состав на основното училиште „11-ти Октомври“ од с.Урвич. Пожарот бил изгаснат од локалните жители и екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово.
 
Од пожарот целосно била опожарена дрвената покривна конструкција, инвентарот во внатрешноста на училниците, а оштетување има и на ѕидовите од објектот. Увид на местото ќе се врши во текот на денешниот ден.