Целосно изгаснат пожарот во Чаир

Пожарот во зградата во Чаир, што избувна ноќта на 1 октомври, конечно е изгасен утрово во 9.30 часот, соопшти ЦУК.
Претходно, од таму јавија дека сѐ уште бил активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера. На терен биле три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Во 06.00 часот, денеска 03.02.2024, е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат. Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, соопштија од ЦУК.
Од ЦУК потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин на улица „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.
– Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата. Од Итната медицинска помош во 14:25 часот известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ, се вели во соопштението од ЦУК
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
