Целосно изгаснат пожарот кај Богданци, изгореа 350 хектари нискостеблеста шума

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, кој избувна вчера во 11 часот, целосно е изгаснат, сопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Противпожарните тимови се повлекуваат од терен, а на местото на пожарот е оставена дежурна екипа за да внимава да не дојде до повторно разгорување.
Според информацијата од ЦУК, изгорени се над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници низ кои помина пожарот.
Пожарот го гаснеа шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, како и авионите „Ер трактор“ и хеликоптер.
Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
