-->
-->
Целосна реконструкција на улиците во Чалошево и Мамутчево, Велешко
-->

Улиците во населените места Чалошево и Мамутчево во Велешко целосно ќе се реконструираат.
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев во присуство на претставници од месните заедници од овие две населени места во денеска потпиша договор со фирмата „Изгрев Инженеринг“ за реализација на проект за реконструкција на улиците во Чалошево и Мамутчево.
Вредноста на Проектот изнесува скоро 12 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Светска банка. Со проектот се опфатени речиси сите улици во ови две населени места. Во Мамутчево ќе се асфалтираат седум улици во вкупна должина од 1.007 метри. Во Чалошево, пак, проектот опфаќа асфалтирање на улици во должина од 1.062 метри.
Градоначлникот Чадиев истакна дека проектите се дел од заложбите на Општина Велес за подобар живот на населението во сите села од велешкиот регион.
- На овој начин Општина Велес трајно ќе ги реши инфраструктурните проблеми со кои се соочуват жителите во овие две населени места. Меѓутоа, освен во овие предвидени се проекти и во останатите рурални средини, најави Чадиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
