Македонија
28. September 2016 - 15:10

Целосна реконструкција на регионалниот пат Кичево-Осломеј

Денеска почнаа градежните работи за целосна реконструкција на регионалниот пат што го поврзува Кичево со ТЕЦ „Осломеј", во должина од осум километри.
 
Емин Насуфи од Секторот за односи со јавноста во Општина Кичево, посочи дека овој пат го користат околу 20 населени места односно села на кичевскиот регион. Овој инфрасруктурен зафат се инвестира од буџетот на општината и изнесува 15 милиони денар, а работите ги изведува ЈП „Македонија пат".
 
- Патот беше многу оштетен и на некој начин бевме приморани да го реконструираме. Повеќе од половината на делницата ќе  добие целосно нов асфалтен слој додека другиот дел ќе се реконструира онаму каде што ќе има потреба, појасни Насуфи.