Бизнис
10. March 2020 - 22:19

Целосна парализа на светската економија, ако не се запре пандемијата од корона вирусот

Несогледливи последици врз бизнисот и парализа на целокупната економија, ако за брзо време земјите не се справат со корона вирусот. Штетите се веќе видливи, она што загрижува е проширувањето на вирусот во земјите  - најголеми трговски партнери на Македонија. Дури 80% од нашето производство завршува на нивниот, европски  пазар, вели претседателот  на Стопанската Комора, Азески. 

– Економијата е подложна на удари од страна, од сите сегменти на општеството, Тоа е мерливо и се одразува директно врз платниот биланс на компаниите. Се ова што го работиме ќе биде помножено со нула ако не сме во состојба да ги регулираме и другите односи со кои се соочуваме секој ден: заштита на животната средина, инфраструктура, владеење на правото, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Ситуацијата постојано се следи,  последиците веќе се чувствуваат. Поразителни ќе бидат бројките ако не се спречи епидемијата пред туристичката сезона

  . Откажани се влезовите на крузерите во нашите пристаништа. Годинава беа договорени влезови на 550 крузери со преку 700.000 патници. Во следниот месец нема да има влез на крузери, тоа се огромни економски штети. И влезот на други бродови е исто така рестриктивен. Се надеваме дека коронавирусот ќе го снема и дека во туристичката сезона ќе влеземе без таа опасност. Но, ако продолжи ваквата состојба, последиците не само во Црна Гора, туку секаде, и во регионот, и во Европа и воопшто, би биле несогледливи, рече  Властимир Голубович, претседател на Стопанска Комора на Црна Гора.

Падот на економските активности во Европа се планирани на 3,4 отсто., што ќе ги погоди сите национални екномиии. Податоците ќе бидат познати за неколку недели, но она што е сигурно е дека ќе има забавување на растот во однос на претходната година. Ако двата квартали забавуваат, значи земјата  е во рецесија.