Целосен прекин на железничкиот сообраќај
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април.
Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.
-Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај, наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт.
Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
