Цела поликлиника ја кренале на нозе - скопјани направија вистински хаос во Чаир
Во Поликлиниката Чаир на детското одделение и пунктот на Итна медицинска помош вчера околу 12:40 часот скопјанецот Е.С. го нарушил јавниот ред и мир со малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на медицинските лица кои во тој период биле на работното место - лекарот А.Н. и медицинската сестра Н.Е. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло откако Е.С. со неговиот брат ја донеле внуката во поликлиниката со грчеви. Од страна на лекар на детското одделение му било кажано дека со возило на брза помош треба да се однесе на детската клиника. Побарано било телефон од итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефонот, на што од страна на лекарот на детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на итната медицинска помош кој бил во склоп на поликлиниката. Во тој момент Е.С. започнал да вика и да удира на вратата по што започнал да упатува закани кон медицинската сестра. Потоа излегол лекарот А.Н. кој Е.С. почнал да го турка и влече, притоа заканувајќи му се по животот ако нешто му се случи на детето. По некое време од роднини на детето Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го превзеле детето. По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик