Живот
16. јуни 2017 - 15:44

Цел свет зборуваше за секс снимката од авионот - Денес сите ја знаат вистината за заводникот

Последниве неколку дена интернетот на големо го тресе приакзната за парот кој имаше секс среде преполн авион кој леташе за Ибица. Откако се дозна дека мажот од видеото е верен со 25-годишна девојка која носи негово бебе, се дозна и која е жената од снимката, пишува „Unilad“.

Станува збор за 39-годишна Британка, мајка на три деца, која наводно премногу испила на аеродромот во Манчестер пред летот за Ибица.

„Апсолутно сум понижена. Нешто што почна како пијана шега стана вирален хит. Ужасната сум, но апсолутно ништо не се случи. Не престанав да плачам откако ја видов снимката. Ужасно сум посрамена“, изјавила споменатата Британка.

Нејзин пријател за „The Sun“ изјави: „Во суштина ништо не се случи, само малку му танцуваше в скут за забава. Ни во еден момент не дојде до секс, како што се пишуваше. И двајцата беа блесави и сето тоа беше шега. Не се знаеја од претходно, па кој би направил нешто толку сериозно со целосен странец“.

Се јави дури и нејзиниот татко: „Луѓето сè измешаа. Веруваат во другата страна од приказната“.

Типот од снимката, по сè изгледа, целосно исчезна.

Извор близок до верениот фраер кому Британката му играше во скут, за Daily Mail, изјави: „Веќе требаше да биде вратен дома, а можеби и е. Но целосно исчезна и изгледа се крие од целата драма“.