-->
-->
Цел на турските вооружени сили во Сирија можат да станат и амеркански војници
-->

Цел на турските вооружени сили во Сирија можат да станат и американски војници, облечени во униформите на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.
- Ако курдските сили не го напуштат Манбиј, тогаш ние ќе влеземе во тој град, а исто така ќе тргнеме и кон источниот дел на Еуфрат. Цел ни се и војници на САД во униформи на Силите за заштита на народот, нагласи Боздаг.
Тој наведе дека за 16 денови, од почеткот на операцијата „Маслиново гранче“ во северниот дел на Сирија, турските сили убиле 932 терористи.
Турската војска на 20 јануари ја започна операцијата „Маслиново гранче“ против сириските курдски Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-

Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-

Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме
-

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
