Цел хонорар за невработините хонорарци, 50 посто за вработените

Владата на Република Македонија, денеска донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт (законодавна, извршна и судска), регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, соопштија од Прес-службата на Владата.
– Со оваа уредба со законска сила се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во овие институции со што се утврдува дека на овие лица им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31-ви декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на Република Македонија, велат од Влада.
Исто така, од таму истакнуваат дека доколку лицата опфатени со оваа уредба со законска сила, со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како пријавени вработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе им се исплаќа 50 отсто од паричниот надомест, кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.
Воедно со оваа уредба со законска сила не се однесува на лицата кои склучиле договор за дело со органите на државната власт, регулаторни тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна државна сопственост, единица на локалната самоуправа и Градот Скопје и правни лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, за реализација на проекти финансирани или кофинансирани со заеми и средства од странски кредитори, меѓународни донатори и финансиери.
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
