Свет
5. September 2017 - 20:57

Цел Дамаск на нозе: Сирискиот народ прославува победа

Сириската државна телевизија и група опозициони активисти потврдиле дека владините сили пробиле во источниот дел од градот Деир ез Зора, кој припадници од Исламската држава го држеле под контрола.

Прекинот на опсадата е голема победа за претседателот Баша Ал Асад, чии сили напредуваат на неколку фронтови против ИС и други бунтовнички групи на таа територија.

Во моментов ширум Сирија и градовите под контрола на владините сили на големо се слави уште една победа.