Џет-Сет
6. November 2015 - 12:57

Цеца се јави: Не и забранувам, само нека стане полнолетна

Откако ќерката на Цеца Анастасија се пофали дека сака да ги зголеми градите со силикони, но нејзината мајка не и дозволувала, се јави Цеца и појасни.

Пејачката признава дека неа многу многу не ја прашуваа и дека за шест месеци, кога нејзината ќерка ќе биде полнолетна, ќе може да си прави корекции какви сака.

-Кој мене ме прашува?! Не се прашувам јас ништо. Не и дозволив на Анастасија да става силикони зошто е млада, сега има 17 ипол години. За шест месеци, кога ќе биде полнолетна, сама ќе одлучува. Тоа е во мај идната година. Ништо не ми пречи, нека пишува кој што сака, моето дете е убаво како ангел. Младо, убаво, згодно. Бев противник и на тетоважи, па ене го мојот Вељко целиот ишаран - вели низ насмевка пејачката.

Запрашана дали прифаќа нејзиниот син Вељко или братот Милан да се оженат со старлета, Цеца искрено одговара:

Anastasija Ražnatović

-Што има јас да прифатам или да не прифаќам. Секој има право на свој избор, ни јас не сакав некој да ми се меша. Тоа што се мои деца, не ми дава за право да им ги водат животите. Тука сум да бидам поддршка, заштита, да им дадам совет, а што се однесува до нивните избори, нека се сакаат децата и забавуваат, па и старлетата е нечие дете. Немам ништо против тие девојки, а ако моите деца се среќни, јас сум уште посреќна, вели Цеца која смета дека се уште и е рано да се најде во улога на баба.