-->
-->
Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
-->

На социјалните мрежи кружат видеоснимки од синоќешниот концерт на Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес, кои прикажуваат инцидент што предизвика револт кај публиката.
На снимките се гледа како српската пејачка, додека е на бината во СЦ „Гемиџии“, подигнува бугарско национално знаме и го става врз себе.
Публиката веднаш реагирала со гласно исвиркување и негодување.
Потегот се чини ја збунил и самата пејачка, откако до неа пристапил најверојатно нејзин соработник и ѝ сугерирал да го тргне знамето. Откако го направила тоа, таа се обидела да ја смири ситуацијата.
Во обид да ги смири реакциите, Ражнатовиќ подоцна на бината го подигнала и македонското знаме.
Организаторите на настанот и тимот на пејачката сѐ уште не се огласиле во врска со инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
