Македонија
20. јуни 2019 - 16:32

Царовска: Зависниците не треба да бидат дискриминирани

Во земјава свеста треба да се издигне на повисоко ниво ,лицата кои се лекуваат во Центрите за зависности не треба да се дискриминираат смета министерката за труд и социјална политика Мила Цароска.Таа потенцира дека изолацијата  носи само дополнителни конфликти помеѓу одредени групи на граѓани .

Министерката Царовска истакна дека зависниците од дрога имаат потреба од здравствена услуга која  треба да им се нуди во близина на нивното живеење и дека нема  никаков проблем доколку тоа се одвива под одредени стандарди и  протоколи.

Инаку деновиве  жителите на Кисела вода со протест ги спречуваа зависниците да ја  земат својата  терапија на овој начин тие го изразија својот револтот кон министерот за здравство кој вети дислокација на центарот но тоа не се случи.