Царовска: Законот за социјално претприемништво по мерка и на социјалните претпријатија
Министерството за труд и социјална политика подготвува драфт верзија на закон за социјално претприемништво, и наскоро ќе излезе со прочистен Предлог текст на законот по што ќе биде спроведена широка консултација со цел во него да бидат вклучени и забелешките и сугестиите на НВО-секторот и искуствата и барањата на социјалните претпријатија кои работат во земјата.
Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која учествуваше на дебатата за социјално претприемништво и на промоцијата на првите 10 трансформирани невладини организации во социјални претпријатија и на 10-те Добри брендови во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).
- Како министер наследив неколку нивоа на разработен текст на закон со различни форми на понуда. Сега ги разгледувам и размислувам дека ако досега се размислуваше на социјалните претпријатија како можност за отворање нови работни места за лица во социјален ризик, сметам дека треба да го прошириме нивото на овој закон и да го прошириме по можност и за воспоставување на плурален систем на социјална заштита. Законот за социјална заштита тоа го дава но, со социјалните претпријатија ќе добиеме можност и самите социјално-ранливи групи да бидат обучени за нудење одредени сеевиси за поддршка на други групи на граѓани во Македонија, рече Царовска.
Таа истакна дека голем дел од организации покажале успех во развој на социјални претпријатија, посчувајќи го како одличен пример Здржужението на граѓани „Покров“ кои направија посебна комуна во Струмица за рехабилитација на зависници од дрога, алкохол и коцка.
- Законот, ќе одговори и на барањата на социјалните претпријатија кои бараат олеснувања. Во моментов тие функционираат и по стандардните закони кои што се за претпријатија. Но тоа не е доволно, рече Царовска.
Сократ Манчев претседател на Здружението на граѓани „Избор“ од Струмица, рече дека како едно од најголемите социјални претпријатија во државата на пазарот се препознаени по сертифицирано органско земјоделско производство. Тие работат со тераписката заедница „Покров“ која спроведува специјализирана програма за рехабилитација и реинтеграција на зависници од дрога, алкохол и коцка.
- Со нашите вработени и клиенти развивме органско производство на пет хектари земја, а од тоа производство имаме двојна корист. Од една страна ги учиме нашите клиенти да бидат одговорни, да стекнат работни навики и вештини, а од друга страна ја помагаме самоодржливоста на организацијата, рече Манчев.
Извршната директорка на ЦИКП Марија Ристеска информира дека целта на проектот што го спроведуваат ко-финансиран од ЕУ и Град Скопје „Смарт Старт: оддржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации“ е да создаде побарувачка и понуда за социјлано претприемништво во земјата, односно да одговори на предизвиците што ги имаат социјалните претрпијатија, пред се немање човечки ресурси и знаење како да водат социјален бизнис. Во таа насока користат и полски искуства.
Во присуство на 10-те Добри брендови задолжени за општествена одговорност и маркетинг денеска ќе биде доделен старт ап фонд во износ од 61.700 евра на 10 невладини организации кои ќе се трансформираат во социјални бизниси и на тој начин ќе си ја обезбедат својата финансиска оддржливост.
Проектот ко-финансиран од ЕУ и Град Скопје „Смарт Старт: оддржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации, освен во Македонија, се спроведува и во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција“.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина