-->
-->
Царовска во ОН: Со конкретни мерки го унапредуваме статусот на жените и девојчињата
-->

Министерството за труд и социјална политика, потенцира Царовска, ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, координација и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на Агендата за родова еднаквост и еманципација на жените.
- Преземени се значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Така, со промена на Законот за минимална плата се изедначуваат платите за сите економски сектори и се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Со овие промени ги опфативме работниците од текстилната индустрија, од кои 80 проценти се жени, рече министерката за труд и социјална политика.
Истакна и дека Македонија во декември минатата година, ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство.
Дополнително, министерката Царовска учествува како панелист на настан „Трансформативно финансирање за родова еднаквост“, а излагање ќе има и во рамки на министерската панел дискусија на тема: „Забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција и постигнување конкретни резултати до 2020 година“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат