Царовска: Со поддршка, а не казни до поквалитетна работа на наставниците
Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
-Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и наука и институциите под него, се однесуваа наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат (ДПИ), тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме, укажа министерката Царовска.
Преку Државниот просветен инспекторат, како што информираат од МОН, направени се повеќе од 4.200 надзори, околу 2.700 се редовни, 1.400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, за да се види дали се отстранети забелешките.
Царовска, се вели во соопштението до МОН, рече дека сите институции под Министерството се информирани дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година.
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување