Царовска се повлече од функцијата во партијата
Потпретседателката на СДСМ и министерка за образование и наука, Мила Царовска попладнево на социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата во партијата.
-Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите, напиша Царовска и додаде дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.
-Во врска со одредни шпекулации, напоменуваме дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ, соопштија од партијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот