Царовска: Познатиот Мајчин Дом во Битола успешно е трансформиран
![]()
Ова е историски ден затоа што повеќе немаме деца од нула до три години сместени во институција, и тоа е голем исчекор за почитувањето на детските права и човековите права во нашата држава, истакна министерката Мила Царовска денеска во Битола, каде претстави еден од петте групни домови за сместување деца.
За време на престојот во овој град, Царовска потврди дека 27 деца се сместени во мали групни домови во Битола и во нив има простор и за интервентно сместување.
-Познатиот Мајчин Дом во Битола кој згрижуваше деца од нула до три години денес се трансформира и сите дечиња се преселени во мали групни домови во кои што сите вработени се прераспоредени и нити еден вработен не остана без работа. Обезбедивме соодветни услови, топлина и семејна грижа во која децата може да се развиваат и да го постигнат својот максимален потенцијал, а притоа ги задржавме стандардите на институцијата. Со оваа активност направивме многу за нашата држава, поставен е нов стандард, ново ниво за заштита на децата во нашата држава и горди сме на тоа, нагласи Царовска.
Според амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галуеј, поддршката на проектот на Министерството за труд и социјална политика е мотивирана од желбата децата да бидат сместени во подобри услови, односно во домови.
-Овој процес е систематски и со цел да им се даде поддршка на децата и на семејствата во цела држава да може да ги одгледуваат своите деца и во таа смисла Велика Британија со задоволство сака да биде дел од овој владин проект, истакна амбасадорката Галуеј.
На отворањето на еден од петте групни домови во Битола присуствуваа претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и градоначалничката Наташа Петровска.
-Дечињата ги згрижуваме во подобри услови и во домашен амбиент. Но, објектот на Мајчиниот Дом во Битола и понатаму ќе биде функционален затоа што дел од сместувачкиот капацитет ќе биде адаптиран за деца кои се сметуваат во Детски градинки со што и нив ќе им излеземе во пресрет, истакна Петровска.
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
