Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Царовска на прес-конференција во Владата информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа кои опслужуват повеќе од 200.000 граѓани.
Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација, а со Оперативниот план кој овозможува да аплицираат и социјалните претпријатија, како и граѓанските организации, се предвидени една милијарда денари за вработување.
- Од капиталните инвестиции годинава, почната е изградбата на современ центар за аутизам во Скопје, на два дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово, на еден дневен центар за Даунов синдром во Скопје и на Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп. Обезбедени се и две станбени единици во Неготино и село Тимјаник, а се проширува и капацитетот на Општинскиот дом во Берово, подвлече Царовска.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, Царовски нагласи дека е преземено се беше во рамки на Министерството. Сменет е директорот во „25 Мај“, а едно лице од „Ранка Милановиќ“ е суспендирано по итна постапка.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
