Царовска: МОН ја унапредува наставата на турски јазик
Настава на турски јазик во основните и средните училишта во Македонија посетуваат 8300 ученици односно и за нив образованието до 18-годишна возраст е на мајчин јазик, целосно е бесплатно и постојано се унапредува, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на прославата по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, која ја организирше Сојузот на турските невладини организации во државата (МАТУСИТЕБ) со поддршка од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
Таа подвлече дека интенција на МОН и Владата при унапредување на квалитетот на националниот образовен систем била придобивките да ги почувствуваат сите ученици, независно на етничката или каква било друга припадност. Посочи дека МОН вложува во инфраструктурни услови во образованието подеднакво во сите општини, урбани и рурални средини, независно на етничкиот состав на населението.
– Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија. Тоа е основно право кое треба да биде овозможено секому. Ако детето учи на јазикот што прво ќе го слушне и најдобро го разбира, тогаш многу подобро ги усвојува наставните содржини и има попозитивен став кон училиштето. Кога децата можат во училиште да го користат својот мајчин јазик, тоа им го олеснува меморирањето знаења и важни информации, како и стекнувањето на низа други основни вештини, рече Царовска на настанот на кој меѓу претставници на државни институции од земјава присуствуваше и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.
Честитајќи им го празникот на припадниците на турската заедница во Македонија, министерката потсети дека наставата на турски јазик е овозможена уште во 1944 година, а по осамостојувањето станува и уставна одредба чија имплементација е гарантирана од институциите на системот, со што, како што рече, се заштитува како суштинска општествена вредност која придонесува за развој на културниот плурализам.
Посочи и дека новите материјали за учење по сите предмети во основно образование, кои почнаа од оваа година, стануваат достапни на сите наставни јазици, меѓу кои и на турски јазик. Од 1 септември во употреба се нови учебници по турски јазик за прво и за четврто одделение.
Ново на Сител
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени