Царовска: Ќе ги унапредиме социјалните права согласно Европската социјална повелба
Реформа на системот на социјална заштита, унапредување на социјалните услуги, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секој вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество, е фокусот на новата Влада, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Во обраќањето на семинарот за неприфатените одредби од Европската социјална повелба, Царовска истакна дека изминатите години Македонија помина низ период кога дел од овие социјални права, утврдени и во Повелбата, беа или запоставувани или недоволно унапредувани и развивани.
- Она што сега, од мое и од име на новата Влада, можам да го гарантирам е дека еден од клучните приоритети во наредниот период ќе биде токму унапредување на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани, потенцира министерката.
Семинарот организиран од Советот на Европа и МТСП, во рамки на постапката предвидена со член 22 од Повелбата за „неприфатените одредби", е посветен на размена на мислења и информации за одредбите кои не се прифатени од страна на Република Македонија, како и на постапката за колективни жалби. Целта е низ дискусија се разгледаат состојбите во државата во однос на правата и стандардите кои ги утврдуваат и штитат споменатите одредби, како и за можностите од проширување на обемот на одредби кои ќе бидат прифатени.
Ново на Сител
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја