Царовска: Го унапредуваме начинот на постапување при сите форми на насилство врз жените и девојките
Привремените мерки за заштита од семејно насилство и добрите пракси и предизвици беа тема на денешната дебата по повод 16 дена активизам на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
-Системот за превенција за да спречи било каква форма на насилство врз жените и девојките мора да вклучи работа и со сторителите на насилството. Работиме на унапредување и унифицирање на системот за постапување, изготвени и усвоени се стандарди и процедури за сите форми на насислтво во соработка со граѓанскиот сектор. За првпат е отворено засолниште за згрижување на жртви на сексуално насилство, а заедно со министерството за здравство отворени се три центри за жртви на сексуално насилство во состав на здравствените установи во Куманово, Тетово и Скопје, рече министерката Царовска на денешната дебата, организирана од Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од проектот „Советувалиште за превенција од употреба на дроги и семејно насилство“, поддржан од Град Скопје.
Таа потсети дека неодамна Владата го усвои Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција за периодот 2018-2020 година, и на иницираните измени на Кривичниот законик, но и на подготовката на предлог-законот за родово засновано насилство кои се прават во соработка со Министерството за правда.
Царовска истакна дека државата има должност да обезбеди услови за живот безбеден од насилство за секој поединец. Но, рече, за да се постигне реален успех во оваа борба сите ние мораме да продолжиме да работиме и заедно да испратиме јасна порака дека никој не смее да молчи.
На дебатата присуствуваа и преставници од Министерството за внатрешни работи, судии и граѓански организации кои работат на случаи поврзани со насислтво врз жените.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда
-
Одбраната на Палевски бара дополнително вештачење на чаурата од местото на убиството на Жежовски
-
50 денари еден час паркирање на Клинички - Нов газда, нови повисоки цени!
-
Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува
-
Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот