Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат сорботката
Соработката меѓу царински служби на Македонија и Албанија е на високо ниво, двете царински управи соработуваат во имплементацијата на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА), а понатамошното продлабочувањето на оваа соработка е од интерес за двете држави, но и за целиот регион.
Ова беше констатирано на денешната билатерална средба во Корча меѓу делегации на царинските управи на Република Македонија и Република Албанија, предводени од директорите, Ѓоко Танасоски и Белинда Икономи.
- Состанокот на делегациите се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална царинска соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, соработката во рамките на Договорот за слобдна трговија (ЦЕФТА) како и соработката на граничните премини, велат од Царинската управа на Република Македонија
Делегациите, додаваат, разговараа за повеќе теми од интерес за унапредување на заемната соработка, за понатамошна продлабочена соработка на полето на контролите и истрагите во борбата против царинските измами, како и на забрзувањето на преминувањето на граничните премини.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот