Царинската управа со највисока оценка во овогодинешниот извештај на ЕК
Царинската управа на Република Македонија како дел од подготовките за влез во Европската Унија во континуитет воведува нови информатички системи поврзани со спроведување на царинските постапки. Целта е поедноставување и рационализирање на сите царински процеси и постапки преку имплементирање на електронска и бесхартиена околина во ЦУ и интегрирање со системите на ЕУ.
Доказ за успешно превземените активности за олеснување на царинските постапки е и признанието кое ЦУ го доби во овогодинешниот извештај на ЕК за напредок на РМ во пристапувањето кон ЕУ.
Поглавјето 29.Царинска Унија ја има највисоката оценка која е дадена во овој извештај со заклучок дека Царината има постигнато добар напредок во претходната година и одржува добро ниво на подготовка во делот на Царинската Унија.
Концептот дигитална царина е веќе реалност и е нотирано во самиот извештај на ЕК каде се констатира „Земјата заврши, примени и одржува нов електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)“.
Во извештајот се истакнува и дека е воспоставен едношалтерски систем за контрола на границата со Србија (One Stop Shop) кој резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. Со воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на службите на двете земји, коридорот 10 стана поатрактивен и поефикасен за вршење извоз, увоз и транзит на стоки Ваков систем на заеднички контроли е во тек на воспоставување со Р.Албанија каде што веќе започна со работа новоизградениот царински терминал.
Кон добрата оценка за поглавјето 29, придонесоа и високата усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ; воведувањето на концептот на Овластен економски оператор (ОЕО), подобрената меѓу-институционална соработка, учеството во меѓународни операции за борба против недозволена трговија со дрога, фалсификувана стока и лекови, акцизна стока, оружје, експлозиви, опасен отпад и хемикалии, диви животни и растенија, културни добра и борба против трговија со луѓе, итн..
Повеќе за Извештајот за напредокот на РМ за 2020 година и извадок Поглавје 29 – Царинска унија праќам во атачмент со наслов „Customs Union“
Во наредниот период претстои вистински ангажман во домен на консолидација и целосна примена на постоечките ИТ системи, нивна надградба и одржување, како обезбедување континуитет во работењето и да го имплементира целосно Протоколот 5 на ЦЕФТА за олеснување на трговијата.
Ново на Сител
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад