Царината заплени алкохол и цигари во акција во шест града
Царинската управа и Управата за јавни приходи во координирани контроли во 50-тина објекти во шест градови во периодот од 27-30 јули откри и заплени 117 литри алкохол и 23 кутии цигари во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока.
Во 13 објекти при контролите спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп, соопшти денеска Царинската управа, е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари.
- Привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери). Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари Marlboro и Prestige без и со странски бандероли, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Се посочува дека овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.
Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-јули 2015 наплатени се приближно 15 проценти повеќе акциза за тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија