Цанчев: Време е да се посветиме на Западниот Балкан

Бугарскиот амбасадор во Европската унија Димитaр Цанчев вели дека Европа долго била фокусирана на сопствените проблеми и сега е крајно време своето внимание да им го посвети на соседите.
– Сега кога европската економија се подигна и сите имаме можност да ги погледнеме нашите партнери на Западен Балкан и да ги увериме дека нивната ервропска иднина е вистинска, изјави Цанчев.
За време на претставувањето на бугарското претседавање со Советот на ЕУ оцени дека Европа во претходните децении била погодена од последователни кризи.
Според него, тоа резултирало со фокусирање на ЕУ на решавање на сопствените проблеми пред да се занимава со оние околу себе.
– Како резултат на тоа многу наши партнери особено оние на Западен Балкан, изгубија надеж во нивната европска перспектива. Тие дури и почнаа да бараат можност за раст и развој на други страни, предупреди Цанчев.
Зборувајќи во прес клубот во Брисел бугарскиот амбасадор повика на подобрување на врските што би придонеле за развој на регионот.
Како пример за соработка и поврзаност тој ја наведе иницијативата меѓу Бугарија, Србија и Македонија, како пример за укинување на роамингот меѓу државите членки на ЕУ, да се потпише меморандум за намалување на цените на роамингот во мобилната телефонија.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
