Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Се чини дека по прв пат, двете земји, сакаа да се реши проблемот, тоа заслужуваше пофалба, вели солунскиот градоначалникот Јанис Бутарис во интервју за ТВ 100, телевизијата на општина Солун. Тој додава дека 25 години немало вистинска волја за решение, но сега „се чини дека дојде време кога може да се реши проблемот“.
- Зависи од нас, зависи од нив, дали на крај ќе има добра волја, а и дали потребните отстапки што беа направени и од двете страни се такви што со текот на времето ќе се нормализираат и нема да се чувствуваме ниту ние поразени, ниту тие поразени, рече Бутарис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на името, солунскиот градоначалник вели дека и од двете страни зависи коа име ќе надвладее во иднина, дали Северна Македонија или само Македонија.
- Примери постојат во целиот свет. Северна Ирска, Северна Кореа, Северен Виетнам. Системот функционира. Зависи од расположението што го имаме, меѓусебно да не се навредуваме. Од тоа зависи. И не е работа што ќе се реши за 1-2 месеци. Јас сметам дека е потребна една генерација систематска работа за да се постигне еден нов баланс, објасни солунскиот градоначалник.
На коментарот на новинарот од ТВ 100 дека станува збор за држава, а не за преименување на улица, Бутарис рече дека дури и на една улица да и се смени името, е тешко да се навикне да го користи новото и спомена примери со солунски улици, кои и покрај тоа што имаат нови имиња, лично тој ги користи старите, оние кои што ги научил како мал
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата